Од хуманитарниот меч Вардар – Црвена Звезда собрани се околу 100.000 евра

483

Мина една недела откако во Скопје, пред преполна Арена Тодор Проески и повеќе од 25.000 гледачи, хуманитарен натпревар одиграа екипите на Вардар и Црвена Звезда во име на настраданите во трагедијата во Кочани.

Настанот мина во прекрасна атмосфера, како што доликува во име на оние кои настрадаа, но и нивните семејства. ФК Вардар како организатор не излезе веднаш со информација колку пари се собрани вкупно од продажбата на билетите, туку почека неколку дена.

Па така, предмалку извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, објави дека од хуманитарниот дуел се собрани нешто помалку од 100.000 евра кои откако ќе заврши процедурата ќе бидат веднаш преку Црвениот крст на Македонија префрлени кај семејствата од настраданите.

Неделковски повторно се заблагодари на гостинот од Белград, кој е тука за нас како држава кога е најпотребно, и на сите оние кои што на најдобар можен начин го испочитуваа настанот, кој имаше предзнак хуманитарен.

 

ПретходноЕден од најлошо изведени пенали во историјата на фудбалот: Не зеде залет, па се посрамоти (ВИДЕО)
СледноУЕФА веќе размислува за три измени во ЛШ, едната од нив е пореволуционерна