Менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека е разочаран од резултатот и настапот на неговите играчи за време на синоќешното лондонско дерби со Кристал Палас (202). Шпанецот ги предупреди своите играчи дека треба да ја вратат максималната енергија пред најважниот натпревар во сезоната – домашниот дуел со Пари Сен Жермен во првата од полуфинална пресметка во Лигата на шампионите.
“Разочарани сме од резултатот и перформансите. Не бевме доволно константни за да доминираме во играта. Тоа е дел од фудбалот и не чинеше два бода. Требаше да бидеме подобри во многу аспекти од играта. Ни треба постојаност. Тимот на Кристал Палас беше многу организиран и заслужува почит. Треба да направиме многу подобро. За шест дена е нашиот најважен натпревар во сезоната. Треба да ја вратиме енергијата“, изјави Артета по мечот.