Битка за тронот: Пелистер дома е недопирлив, Вардар 1961 нема победено во Битола три години

120

Петтото коло во плеј-офот е резервирано за големото дерби. Пелистер е домаќин на Вардар 1961, а дуелот ќе се игра пред полни трибини во салата „Боро Чурлевски“. Ракометниот спектакл ќе биде „зачинет“ со присуство и на навивачите на гостинскиот тим.

Актуелниот првак има 11 бода, бод повеќе од „црвено-црните“, па победа на оваа средба ќе го донесе на чекор до нова титула, а со тоа продолжување на доминацијата во последните три сезони.

Традицијата во последните три години кога станува збор за пресметките во Битола им дава целосно право на ракометарите на Пелистер да се надеваат на победа, бидејќи Вардар 1961 последен пат во салата „Боро Чурлевски“ славеше на почетокот на мај во 2022 година. Дополнителен мотив за битолчани е фактот дека славеше на три од последните пет мечеви.

До мај 2022 година, Пелистер и Вардар 1961 максимално ја користеле предноста на домашен терен, славеле пред своите навивачи.

И двата тима играат поинаку од стартот на сезоната, а за тоа се задолжени нивните тренери, Раул Алонсо на клупата на битолчани и Гиљермо Милано на клупата на најтрофејниот тим.

Со оглед на полните трибини очекуваме вистински ракометен празник.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ/АУТ – КОЛО 5
24.04.2025 – ЧЕТВРТОК
18:30 часот РК ЕУФРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ВАРДАР 1961 – пренос во живо на МРТ
19:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – ГРК ОХРИД
19:30 часот МРК КУМАНОВО – РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ
ПретходноАнчелоти бесен на младиот ас на Реал: Овој клуб не е циркуз
СледноЕден од најлошо изведени пенали во историјата на фудбалот: Не зеде залет, па се посрамоти (ВИДЕО)