Вардарци со победничко селфи се одјавија од Битола!

206

Вардарци го добија првото важно дерби против Пелистер во плеј-офот, кое за нив значеше не само останување во игра во битката за титулата, туку и превземање на врвот и бод предност пред најголемиот конкурент.

Ова е прв триумф за „црвено-црните“ после три години на теренот на Пелистер, последен пат со цел плен си заминаа во мај 2022 година.

Победата на крајот откако се смирија сите страсти беше запечатена со селфи, ракометарите истото го направија со своите фанови кои дојдоа да ги бодрат од лице место.

ПретходноГРК Охрид победнички низ Кавадарци
СледноВо Барселона гневни на федерацијата по скандалот со билетите за финалето во “Копа дел Реј“!