Вардар 1961 по речиси три години дојде до победа во Битола. Најтрофејниот ракометен колектив тоа го стори кога беше најпотребно, против Пелистер славеше со 34-35 и го превзема лидерското место на табелата. Сега „црвено-црните“ имаат бод предност во однос на битолчани, па битката за титулата стана крајно неизвесна, ќе следиме интересен плеј-оф.
Јунакот на Вардар 1961 е Дмитро Хориха, со гол во самиот финиш ја замолкна преполната сала „Боро Чурлевски“ во која вечерва сигурно имаше над 3.500 гледачи.