Дербито во Битола заврши со хаос на теренот: Пелистер и Вардар се „фатија“ за врат (ВИДЕО)

1812

Иако се чинеше дека дерби дуелот меѓу Пелистер и Вардар 1961 ќе заврши без никаков инцидент, сепак на крајот попуштија нервите. Неколку минути по последниот свиреж на судијата и радоста на „црвено-црните“ се случи општ хаос на теренот.

Ракометарите на двата тима се влечеа на теренот, најверојатно причина е пецкање меѓу Борозан и Кузмановски. Полицијата влезе на терен, не само да ја смири ситуацијата, туку да спречи дел од навивачите на домашниот тим да истрчаат на теренот, кој веќе почна фрлаат тврди предмети.

Вардар славеше со 34-35 и се врати на врвот на табелата со еден бод предност во однос на Пелистер.

ПретходноКаква драма: Вардар со цел плен си оди од Битола, врвот е „црвено-црн“
СледноГолот на Хориха кој ја расплака Битола (ВИДЕО)