Виктор Вембањама, кошаркарот на Сан Антонио, е снимен како игра фудбал со локалното население во Костарика.
Тимот на Вембањама не игра во плеј-офот, па тој ја искористи можноста да ја посети јужноамериканската земја.
И тоа како се забележува кој е францускиот кошаркар на на видеото, со неговите 221 сантиметар.Вембањама имаше добра НБА сезона 2024-25, и покрај тоа што беше прекината поради повреда. Во 46 натпревари од регуларната сезона, Вембањама имаше просек од 24,3 поени, 11,0 скока, 3,7 асистенции и 3,8 блокади по натпревар.
Во февруари 2025 година, тој за прв пат беше избран за Ол-стар натпреварот, со што стана најмладиот играч во историјата на Спарс кој учествувал на овој престижен настан. За жал, по Ол-стар викендот, му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза на десното рамо, што резултираше со негово отсуство во остатокот од сезоната.
This footage of Victor Wembanyama playing football with locals in Costa Rica is incrediblepic.twitter.com/FJyDoQicvl
— COPA90 (@Copa90) April 24, 2025