Каква драма: Вардар со цел плен си оди од Битола, врвот е „црвено-црн“

283

Дербито на петтото коло во плеј-офот, воедно битка за титулата меѓу Пелистер и Вардар 1961, заврши во корис на гостите кои славеа со 34-35 со гол на Хориха во последната секунда. Дуелот кој се играше пред полни трибини во салата „Боро Чурлевски“ го одбележаа 27 досудени удари од седум метри. 

Сега нов лидер на табелата е Вардар 1961, има бод повеќе од Пелистер. По оваа средба едно е јасно дека битката за титулата допрва почнува, ќе гледаме интересна завршница. Ова прва победа за скопјани во Битола после три години. 

Бороза со 11 погоди беше прво име кај победникот, зад него беше херојот Хориха со седум погодоци. На другата страна Манасков имаше 10 гола, додека Кузмановски девет. 

Вардар мечот го отвори со 0-4, не искористи шанса да поведе со плус пет. На другата страна на актуелниот првак му беа потребни цели шест минути да го постигне првиот гол, тоа го стори Манасков.

Гостите, предноста од четири гола ја одржуваа до 16-та минута, неколку грешки беа доволна причина за да Пелистер со серија од 3-0 да дојде на негатива од еден гол (9-10), стрелци беа Атанасијевиќ, Радивојевиќ и Кузмамовски. Крсманчиќ, ракометарот кој го претежно го одржуваше Вардар во игра со прецизни удари од седум метри, токму од таа позиција го прекина налетот на противникот (9-11).

При 10-13, Маргели не успеа да ги врати највисоките плус 4, иако Гогов одбрани пенал. Но, по нова одбрана на младиот голман, Борозан со „бомба“ зголеми на 10-14 во 24-та минута. Ниту ова не беше доволно за да се демотивира Пелистер, на крилата на публиката одново успеа да дојде на минус еден (13-14). Крсманчиќ и Борозан вратија з 13-16, но домаќинот со 3-1 на одморот успеа да намали на 16-17.

Манасков на стартот на вториот дел го донесе првото израмнување (17-17). Вардар 1961 остана со играч помалку, но Борозан добро се снајде следеше неговаа серија на голови. А со помош на Лазаревски, Срдановиќ и Крсманчиќ во 39-та минута поведоа со четири гола (20-24), имаа шанса и за плус пет. Одбрана на Митревски, исклучување за гостите, го разбудија домаќинот, кој во 43-та минута дојде повторно на гол негатива (24-25). И како по некое непишано правило, „црвено-црните“ одново дојдоа на плус три (25-28, 26-29), во моменти кога имаа и играч помалку на теренот.

Манасков со два гола во низа од седум метри ја врати за 28-29 на стартот на 50-та минута. Манасков, пак од седум метри изедначи на 31-31. Во 53-та минута, Абутовиќ заработи црвен картон, Лазаревски реализираше за 31-32, Еспиња запиша важна одбрана, но Вардар не само што не се снајде за плус два, Борозан доби исклучување. Сепак, Хориха поправи, реализираше за 31-33 во 57. минута.

Тајник по тајм-аутот на Алонсо ја искористи предноста од играч повеќе (32-33), Лазаревски изнуди пенал, Крсманчиќ беше прецизен за 32-34. Кузмановски ја превзема одговорноста (33-34), Митревски запиша важна одбрана, Борозан заработи исклучување, а капитенот Кузмановски израмни на 34-34. Последниот напад беше за гостите, Хориха погоди бомба за 34-35 и голема победа на својот тим.

ПретходноЛегендарниот Виктор Валдес е нов тренер на шпански четвртолигаш! (ФОТО)
СледноДербито во Битола заврши со хаос на теренот: Пелистер и Вардар се „фатија“ за врат (ВИДЕО)