Поранешниот легендарен голман на Барселона и шпанската репрезентација, Виктор Валдес, е назначен за тренер на шпанскиот четвртолигаш Реал Авила. Оваа вест предизвика голем интерес во фудбалскиот свет, бидејќи Валдес го презема клубот во клучен период од сезоната, со амбиција да обезбеди место во плеј-офот за повисока дивизија.
Валдес ќе дебитира на клупата оваа недела на стадионот “Адолфо Суарез“ против Компостела, додека една недела подоцна го чека регуларниот дел од сезоната против Понтеведра. Валдес потпиша договор до крајот на оваа и следната сезона, а пред него е предизвикот да остави трага во својата тренерска кариера и да го издигне Реал Авила на повисоко ниво.
Пред да дојде во Реал Авила, по играчката кариера, Валдес почна да тренира во младинските категории на ЕД Мораталаз, каде освои две регионални титули. Во 2019 година се врати во Барселона како тренер на младинскиот тим, но неговиот мандат беше краткотраен. Потоа раководеше со каталонскиот нисколигаш УА Хорта, а во 2021 година беше и тренер на голмани во Барселона.
Како играч остави неизбришлива трага во европскиот фудбал. Поголемиот дел од својата кариера го помина во Барселона, за која забележа 387 настапи во Ла Лига и освои 21 трофеј, вклучувајќи три Лига на шампиони и шест титули во шпанската лига.
📢 𝗖𝗼𝗺𝘂𝗻𝗶𝗰𝗮𝗱𝗼 𝗢𝗳𝗶𝗰𝗶𝗮𝗹 | Víctor Valdés nuevo entrenador.
👉 El Real Ávila C.F. anuncia que Víctor Valdés será el nuevo entrenador del primer equipo hasta el final de la presente temporada y la siguiente campaña. Valdés, tras retirarse del mundo del fútbol,… pic.twitter.com/q19HhV8Y3R
— Real Ávila CF (@RealAvilaCF) April 24, 2025