Миовски повторно без минутажа: Џирона во 90+2. испушти победа!

70

Се играше втората минута од судиското продолжение, при резултат 0:1 за Џирона, кога со голот на Ел Хадади, домашниот состав успеа да израмни и со тоа да и одзеде два златни бода за тимот на Џирона за конечни 1:1.

Сепак за нас поважно е тоа што Бојан Миовски одново не доби шанса да одигра барем некоја минута. Македонскиот напаѓач и на оваа средба беше цело време на клупата на Џирона, тренерот Мичел одлучи Бојан да биде само резерва.

Инаку голот на гостите беше дело на Стуани во 54.минута. Исто така важно е да се напомене дека домашните од 19.минута играа со играч помалку.

Со овој бод Џирона и натаму е во опасната зона во долниот дел на табелата во Ла Лига.

Во терминот од 19 часот, во рамките на 33.коло, се одигра уште еден меч во Ла Лига.

Осасуна на свој терен ја совлада Севилја со 1:0.

ПретходноГолот на Хориха кој ја расплака Битола (ВИДЕО)
СледноГРК Охрид победнички низ Кавадарци