И официјално познато е новото раководство на ФК Победа, а на чело на клубот е жена, Јана Мицковска – Попоски, таа ќе биде претседател на еден од нашите најпознати фудбалски клубови и гордост на градот под Маркови Кули.
Покрај Јана Мицковска – Попоски, во УО на ФК Победа се и Небојша Стојковиќ, Владимир Мирчевски, Сашко Попоски и други…
Интересно, ова не е првпат на чело на ФК Победа да биде жена. Имено пред 6-7 години тоа беше Ирена Јакимовска.
Да се надеваме дека новото раководство на клубот ќе смогне сили и ќе ја врати Победа таму каде што припаѓа, а тоа е при врвот на мак – фудбалот.