До крајот на тековната сезона во нашата елитна лига остануваат уште пет кола. Претстојниот викенд се закажани натпреварите од 29.коло со почеток од 16 часот.
Вардар повторно ќе биде домаќин на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, сега против Беса. Причина за тоа е дека во недела Арената “Тодор Проески“ ќе биде зафатена, на неа ќе се одржи државното првенство во атлетика.
Во недела се играат и средбите Пелистер – Тиквеш, Шкендија – Шкупи, Силекс – Струга ТЛ и Гостивар – Работнички.
И во понеделник ќе има прволигашки фудбал, во Струмица од 16 часот се среќаваат Брера – Воска.