Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на отворањето на регионалната канцеларија на УЕФА во Истанбул

137

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ на покана од УЕФА и Фудбалската федерација на Турција, присуствуваше на свеченото отворање на новата регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул.

Настанот се одржа во присуство на бројни високи претставници од светот на фудбалот, вклучувајќи ги и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Свеченоста беше одбележана со присуство на речиси сите претседатели на фудбалските сојузи од регионот, што сведочи за значењето на овој стратешки проект за понатамошен развој и унапредување на фудбалската соработка во Југоисточна Европа.

ФФМ ја поздравува оваа иницијатива на УЕФА и изразува подготвеност за активна соработка со новата канцеларија во насока на реализација на заеднички проекти и унапредување на фудбалот во регионот.

Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ:

Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе. Турција, држава со современи стадиони и инфраструктура, ќе биде домаќин на три големи настани на УЕФА во краток временски период, вклучувајќи ја и организацијата на ЕУРО 2032, а тоа е потврда за развојот и нивната посветеност во работата. Сакам да му изразам благодарност на претседателот на Турската фудбалска Федерација и на УЕФА за нивната соработка, поддршка и доверба.“

Александар Чеферин – претседател на УЕФА:

Турција продолжува да покажува уште поголема амбиција и посветеност да се докаже како еден од светските лидери во организирањето глобални спортски настани. Со сè поголем број значајни турнири што се приближуваат, решивме да отвориме канцеларија во Истанбул за да имаме силно локално присуство и да обезбедиме безпрекорно одржување на престижните натпревари.“

Ибрахим Етем Хаџиосманоглу – претседател на ТФФ:

Продлабочувајќи ја нашата соработка со УЕФА ќе продолжиме да преземаме чекори кои ги унапредуваат универзалните вредности на фудбалот. Се надевам дека овој значаен ден ќе биде успешен за нашата земја, нашата фудбалска заедница и за УЕФА. Сакам да ја изразам мојата благодарност до сите кои дадоа придонес за да го оствариме ова и на сите кои се присутни денеска и го споделија овој момент со нас”.

Претходно16 пенали во едно полувреме во Битола: Вардар 1961 има предност од еден гол!
СледноЛегендарниот Виктор Валдес е нов тренер на шпански четвртолигаш! (ФОТО)