Атлетико Мадрид го “скрши“ Рајо, Бетис убедлив против Валјадолид!

53

Атлетико Мадрид – Рајо Валјекано 3:0 и Бетис – Валјадолид 5:1, ова е епилогот од двата вечерашни меча во рамките на 33.коло во Ла Лига.

Победата на тимот на стратегот Диего Чоло Симеоне ја донесоа Серлот со гол уште во 3.минута, потоа Галагер во 45.минута и Алварез во 77.минута.

Со овие три бода Атлетико Мадрид и натаму е трет на табелата со +6 бода пред Атлетик Билбао.

Бетис на свој терен само во првото полувреме имаше проблеми со Валјадолид кога беше 1:1, сепак на крајот тимот од Севилја со 5:1 славеше убедлива победа над Валјадолид.

Стрелци на головите за победничкиот тим беа Родригез, Хернандез, Иско, Перауд и Езалзоули, додека за гостите стрелаше Чуки.

ПретходноОфицијализирано е новото раководство: Жена на чело на ФК Победа!
СледноЕве до каде е изградбата на новиот “Камп Ноу“! (ФОТО)