Варди официјално ќе го напушти Лестер

102

Џејми Варди по завршувањето на сезоната и официјално ќе го напушти Лестер. Клубот испаѓа од Премиер лигата, а 38. годишниот ветеран по речиси 500 мечеви одиграни за клубот ќе си замине и нема да биде дел од Чемшпионшип сезоната на Лестер следната година.

Варди им се приклучи на „Лисиците“ за 1 милион фунти од Флитвуд Таун во 2012 година. Наскоро ќе го има својот петстоти настап за Лестер доколку настапи на четири од последните пет натпревари оваа сезона.

Варди, кој има 26 натпревари за Англија, ја освои историската титула во Премиер лигата со „Лисиците“ во 2016 година, ФА Купот и промоцијата од Чемпионшип двапати со Лестер, како и играњето во Лигата на шампионите. Варди има постигнато 198 гола за Лисиците на 496 натпревари, што го прави нивни трет најдобар стрелец во историјата на клубот.

 

ПретходноАртета не го криеше разочарувањето, испрати порака до фудбалерите!
СледноТолку од Камавинга сезонава