Грин со партија на кариерата го врати во живот Хјустон (ВИДЕО)

59

Хјустон забележа важна победа против Голден Стејт и изедначи на 1-1 во серијата. Рокетси славеа со убедливи 109-94 (28:18, 32:28, 27:25, 22:23).

По водството во првата четвртина, Ракетите ја задржаа предноста до самиот крај и славеа голема победа.

Џејлен Грин одигра меч за паметење, најдобар во досегашната кариера. Грин постигна 38 поени, четири скока и шест асистенции. Го следеа Алперен Сенгун со 17 поени, 16 скока и седум асистенции, како и Дилон Брукс со 16 поени.

На другата страна Стив Кари имаше 20 поени, пет скока и девет асистенции.

Бостон Селтикс славеше нова победа против Орландо Меџик и сега има 2:0 во првото коло од плеј-офот. Во вториот натпревар Кливленд Кавалирс славеше победа против Мајами Хит со резултат 121:112 и води со 2-0.

ПретходноМолк во Мадрид, победата веднаш се заборави: Анчелоти објави многу лоша вест за Реал
СледноМеси го повикал Модриќ да му се придружи во Мајами