И официјално Милан и Болоња ќе играат во финалето на Купот на Италија!

71

Откако синоќа, како гостин, Милан успеа со 0:3 да го декласира Интер и со вкупно1:4 да се пласира во големото финале во Купот на Италија, вечерва во вториот полуфинален реванш од ова натпреварување, Болоња само рутински си ја одработи својата работа, ако се знае дека на првиот меч како гостин славеше со 0:3.

Успеа како домаќин да го победи Емполи 2:1 па така Болоња со вкупни 5:1 и официјално се најде во финалето во кое ќе оди по пехарот против гигантот од Милано.

Болоња вечерва успеа да поведе со 1:0 со голот на Фабиан во 7.минута, израмнија гостите со голот на Коваленко во 33.минута, за да победата на Болоња и во вториот меч ја донесе Далинга во 86.минута.

ПретходноШортс одличен ама Париз е пред елиминација, драмата во Атина за Ефес!
СледноОфицијализирано е новото раководство: Жена на чело на ФК Победа!