Репрезентацијата на Словенија во ракомет, инаку наш противник во квалификациите го објави списокот за претстојните мечеви против Литванија односно Естонија.
Истиот е доста поразличен одколку оној кој што стандардно се појавува кога се словенците во прашање од една проста причина. Словенија веќе обезбеди пласман на европското првенство, па сега сака да им даде шанса на помладите. Па така, овој состав на Словенија комотно може да се нарече младински.
Тоа за нас значи само едно, проблем. Ние сме трети во групата со два освоени бодови, додека пак Литванија има шест. Доколку победи во дуелот против Словенија, ќе си обесбеди пласман во секој случај. Од таа гледна точка, Македонија би морала потоа да биде една од четирите најдобри третопласирани по групите за да обезбеди нов континентален шампионат.