Шортс одличен ама Париз е пред елиминација, драмата во Атина за Ефес!

48

Бадијала што македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одигра уште еден одличен меч кога неговиот Париз среде Истанбул повторно беше поразен од Фенербахче, вечерва со 89:72. Ова значи дека тимот на Шортс е пред елиминација во четвртфиналната серија за пласман на Ф4 ако се знае дека сега Фенер води со 2:0. Шортс на крајот заврши со 18 поени, два скока и 4 асистенции.

На вториот вечерашен меч во Евролигата, вистинска драма и спектакл во Атина, во која на крајот славеа кошаркарите на Ефес со 76:79 на гости кај Панатинаикос.

Во поголем дел од средбата Пао ги контролираше настаните на теренот, но сепак кога беше најпотребно, гостите успеајада да одиграат одлично а драмата ја реши Ларкин по последните секунди од мечот, кој заврши со 20 поени.

ПретходноБарса со гостински триумф кај Сегед, Гидсел удри против своите Данци во Берлин!
СледноИ официјално Милан и Болоња ќе играат во финалето на Купот на Италија!