Дисциплинска одлучи: Воска останува без 9 бода, Нефи Усеини две години надвор од фудбалот!

5332

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука ФК Воска Спорт да биде казнет со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар во рамките на 28. коло од Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е изречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец;

Претходно„Војната“ продолжува: Реал побара промена на ВАР судија, Шпанската федерација одби
СледноНатпреварот Гостивар – Работничи ќе се игра без присуство на публика