Натпреварот Гостивар – Работничи ќе се игра без присуство на публика

354

Во очекување на натпреварите од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска со известување се јави ФК Гостивар.

Гостиварчани најавија дека неделниот дуел со екипата на Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одигра без присуство на публика.

Овој и сите останати дуели од неделното коло се на програмата со почеток од 16 часот. Утре Вардар игра со Беса, а в понеделник е закажан дуелот меѓу Брера Струмица и Воска Спорт.

ПретходноДисциплинска одлучи: Воска останува без 9 бода, Нефи Усеини две години надвор од фудбалот!
Следно„Марка“: Скандал во најава – Реал размислува дали воопшто да го игра финалето на Купот!?