Ти-Џеј Шортс ја игра најдобрата сезона во својата кариера. Тој е вистински лидер на Париз во домашниот шампионат, но и во Евролига. Францускиот тим благодарение на него стигна до плеј-офот во најсилното европско клупско натпреварување каде за противник го има Фенербахче.
Американецот со македонски пасош се најде во тимот на сезоната во Евролига, а неколку пати беше прогласен и за МВП на колото.
Неговите добри игри се доволна причина за да се најде на мета на повеќе тимови. Еден од нив е Барселона, која според „планета баскет“ му понудила 2,5 милиони евра годишно. Иако станува збор за каталонскиот гигант и и за добра сума, сепак Шортс ја одбил оваа понуда. Тој за сега не размислува за следната сезона, во моментов е целосно начосен кон мечевите со Париз.