„Брејк“ уште во првиот меч: Шампионот почна моќно во плеј-оф финалето

110

Одбојкарите на Струмица славеа со 3:1 на гостувањето кај Штип УГД на отворањето на финалната плеј-оф серија од домашното првенство. Бранителот на титулата покажа дека ја научи лекцијата од поразот во финалето на Купот и успеа да направи „брејк“ на гостински терен уште на стартот на финалната серија. Струмичани во четирите сета покажаа завидно ниво на игра, за разлика од главните играчи во составот на домашната екипа кои беа далеку под своите можности.

ПРВ НАТПРЕВАР: ШТИП УГД – СТРУМИЦА  1:3 (23:25, 25:22, 19:25, 21:25)

Најголемата неизвесност практично ја имавме во првиот сет, кој се играше поен-за поен во завршницата, иако Струмица поведе на стартот и континиурано одржуваше разлика од 1-2 поени. Во финишот Штип УГД влезе во егал, но не успеа да ја одбрани првата сет-топка за гостите кои со 23:25 дојдоа до водство.

Во вториот сет Штип УГД се врати на ниво и успеа со 25:22 да дојде до израмнување, но веќе во третиот сет Струмица повторно одигра на шампионско ниво, го доби сетот со 19:25 и најави голема победа. Истата стигна со одлична завршниц ана четвртиот сет во кој домашните стигнаа само до 21 поен.

Венецуелецот Кинтеро имаше одлична вечер во составот на Струмица и со 16 поени беше најефикасен на денешниот меч. Покрај него одлично издание имаше и Нилсен со 15, но и Владо Милев со 13 поени. Кај екипата на Штип УГД со 15 поени Задмард беше најдобар реализатор, Арсов нанижа 10, додека Багаев беше далеку под нивото со 8 поени.

Вториот меч од финалната серија до три победи ќе се одигра во Струмица на теренот на шампионот.

ПретходноОФС Охрид го допре дното: Починати лица „играле“ фудбал, фалсификувани записници, судии кои не се судии…
СледноПрвиот човек на шпанскиот фудбал дециден: Не знам што пишале од Реал, но финалето ќе се одигра