„Војната“ продолжува: Реал побара промена на ВАР судија, Шпанската федерација одби

192

Реал Мадрид побара замена за ВАР судијата назначен за финалето на Купот на кралот. Финалниот натпревар против Барселона, „кралскиот клуб“ ќе го одигра утре.

Судијата во ВАР, Пабло Гонзалес Фуертес, претходно беше обвинет од телевизијата на Реал Мадрид, за негови бројни грешки на минатото финале.

Според „Марка“, шпанската федерација нема намера да го смени судискиот состав за финалето на Купот, бидејќи тоа го смета за несоодветно на ден пред финалето.

ПретходноЖенско скопско финале: Јанта има победа повеќе од Работнички, но шампионките подготвени за новиот предизвик
СледноДисциплинска одлучи: Воска останува без 9 бода, Нефи Усеини две години надвор од фудбалот!