Евролига: Олимпијакос и Монако се поблиску до Ф4

27

Кошаркарите на Олимпијакос и Монако поведоа и со 2:0 во четвртфиналните серии во Евролигата. Вечерва во второто дерби во Пиреја, Олимпијакос повторно беше подобар од екипата на Реал (М), овој пат победувајќи пред своите навивачи со 77:71.

Со оваа победа, Грците доаѓаат на чекор до пласман на Ф4 турнирот оваа сезона. Како и на првиот меч пред неколку дена, така и вечерва бугарскиот кошаркар Везенков беше лидер во составот на Олимпијакос со 22 поени, додека Фурние постигна 17. Кај Реал (М) Хезоња со 22 поени беше најефикасен.

Кошаркарите на Монако ја совладаа Барселона со 92:79 и поведоа со 2:0 во четвртфиналето од плејофот на Евролигата. Алфа Диало беше најефикасeн со 21 поен, Мамаду Заите постигна 20, додека кај Барселона Џабари Паркер постигна 16 поени, а Кевин Пантер 14.

Третиот натпревар ќе се одигра на 30 април.

ПретходноЈуве ќе загуби цело богатство и добар дел од ростерот ако не се пласира во ЛШ
СледноРеал потврди: Финалето ќе се одигра, никогаш не помисливме да се откажеме!