Иван Настевски „Меси“ со гол како вистинскиот Меси (ВИДЕО)

485

Некогаш големиот талент на Македонија ЃП односно Работнички, Иван Настевски, популарниот Меси, сега во зрели играчки години настапува за третолигашот Слога Виница. Амбициозниот клуб планира враќање во повисок ранг, па затоа беше ангажиран и Настевски кој пролетва без проблем ги тресе мрежите во регионот.

Изминатото коло тој постигна вистински еврогол против тимот на Ударник од Пирава, и потсети на некои времиња во кои токму тој се сметаше за најталентираниот млад играч во Македонија.

Настевски никогаш до крај не го искажа својот несомнен талент, и не ја оствари кариерата која што му ја предвидуваа многумина, а ваквите голови секако потсетуваат што се можеше но и сеуште може на фудбалскиот терен.

ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР ВО ОХРИД: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ОСВОИ 6.787.199 ДЕНАРИ
СледноАморим: За Далот веројатно заврши сезоната