Клиперсите го пречекаа Јокиќ со коњски глави (ВИДЕО)

222

Денвер претрпе тежок пораз од ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првото коло од плејофот на Западната конференција. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серијата „најдобар од четири“, Клиперси водат со 2:1.

Никола Јокиќ и на оваа средба беше најдобар. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (9/14 шутеви од поле) со 13 скока и 13 асистенции.

Пред натпреварот, Клиперсите им обезбедија на своите најстрасни навивачи специјални реквизити наменети да го провоцираат најдобриот играч на противничкиот тим. Навивачите зад кошевите, во делот од гледалиштето познат како Ѕидот, беа пречекани од плишани глави на коњи на столчињата што беа влечени преку нивните глави.

Клиперсите им делеа реквизити на навивачите за да го одвлечат вниманието на Јокиќ додека изведуваше слободни фрлања свртен кон Ѕидот. Во тие прилики можеа да се видат стотици плишани глави на коњи. Оваа бизарна провокација е насочена кон Јокиќ бидејќи тој е голем љубител на коњи и сопственик на хиподром во неговиот роден град Сомбор.

Ова не е прв пат Јокиќ да биде пречекан со таква провокација на „Клиперс“. Минатиот декември, додека изведуваше слободни фрлања во Лос Анџелес, еден домашен навивач држеше транспарент на кој пишуваше „Тато, ми недостигаш“, а носеше маска на коњ.

 

Најдобар стрелец кај Клиперсите беше Кавај Ленард со 21 поен, а имаше и 11 скока и шест асистенции. Џејмс Харден постигна 20 поени, со девет асистенции и шест скока.

Во вториот натпревар од Западната конференција, Оклахома Сити ги победи Гризлис во Мемфис со 114:108 и сега води со 3-0. Њујорк славеше против Детроит на гости со 116-118 и поведе со 2-1 во серијата.

ПретходноЕве до каде е изградбата на новиот “Камп Ноу“! (ФОТО)
СледноЛШ не е за сиромашни: За Интер – Барса во 2010 билет чинел 22 евра, за Интер – Барса во 2025 билет чини 120 евра!