Откако и официјално Реал Сосиедад објави дека сегашниот тренер Иманол Алгуацил по шест и пол годишен мандат, си заминува од клубот по крајот на тековната сезона, јавноста во Шпанија уште од сега шкекулира со неговиот наследник.
Денешна Марка лицитира со неколку имиња, а она што остава впечаток е следново. Сите би сакале да го видат Чаби Алонсо на клупата, поренешен играч на Сосиедад, но тој е реално далеку од овде затоа што има огромен успех со Баер Леверкузен и е на пат многу веројатно да го преземе Реал Мадрид.
Од друга страна пак, далеку пореална можност се поранешниот селектор на Шпанија и Реал Мадрид, Хулен Лопетеги. Како втора опција се споменува и во моментов тренерот на Гирона, Мишел Санчез. Тој пак има активен договор секако и откупна клаузула од два милиона евра. Серхио Франциско, кој е тренер на младинскиот тим на Сосиедад исто така е во комбинација но е последна опција во моментов.