И дефинитивно Лигата на Шампионите не е за сиромашни. После ќе се чудиме зошто сега фудбалерите се платени во 20 или 30 милиони евра по сезона. Тоа се нивните барања, а клубовите мора да удрат по фановите во буквална смисла на зборот и нивниот новчаник.
Се разбира дека не е исто сега и пред 15 – 20 години, но сепак еве ви еден пример.
Во 2010 година во полуфиналниот меч од Лигата на Шампионите меѓу Интер и Барселона (н.з беше 3:1), еден билет на еден сектор, на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, чинел 22 евра.
Сега, исто во полуфиналето во ЛШ, исто на “Меаца“ во Милано каде Интер ќе ја пречека Барселона, истото место чини неверојатни 120 евра.
Ова значи дека цената на билетот за истото место пораснала за неверојатни за 545 насто од 2010 до 2025.
И треба да се каже дека оваа цена од 120 евра е една од поефтините за овој меч меѓу Интер и Барселона на “Џузепе Меаца“ во Милано.
Да, дефинитивно Лигата на Шампипионите не е веќе за сиромашни.