Македонија не памети: Се чудевме за Холандија, во Битола досудени 27 пенали и тоа на дерби меч!

1434

И натаму на големо се зборува за дерби дуелот во Битола помеѓу Пелистер и Вардар 1961 во рамките на петтото коло во плеј-офот. „Црвено-црните“ за првпат после три години со цел плен си заминаа од салата „Боро Чурлевски“, откако славеа со 34-35.

Табелата од денеска има нов изглед, лидер е Вардар 1961 со 12 бода, 11 има Пелистер, додека третото место му припаѓа на Алкалоид, кој има 8 бода.

Она што падна во очи на оваа средба се бројот на досудени удари од седум метри. Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов беа задолжени за делење на правдата на жешкото дерби. Тие досудија 27 седмерци, плус еден повторен удар од седум метри за Вардар 1961 во 43 минута при 24-25. Крсманчиќ доби шанса одново да изведе удар од седум метри, откако Атанасијевиќ пред време влезе во забранетиот дел. Повторениот седмерец донесе водство за гостите од 24-25.

Пелистер на оваа средба изведуваше 15 седмерци, реализираше 12, додека пак Вардар изведе 12 – реализираше 10 (плус еден повторен).

Бројката од 27 пенали е ретко видена особено за еден дерби дуел, до сега во Македонија ниту еден меч немало „дожд“ од пенали, а се чини во последно време ниту во европски рамки. Истите доаѓаат од судии кои се број еден во светски рамки, па ниту еден од двата тима нема право на жалба. Пред повеќе од една недела збратимено, излегоа со соопштенија, плус сега ги добија најдобрите судии.

За потсетување, во јануари се чудевме за Холандија на која данските судии против Македонија и доделија 12 пенали. Сега во видовме дека и таа бројка не е толку голема.

ПретходноЛШ не е за сиромашни: За Интер – Барса во 2010 билет чинел 22 евра, за Интер – Барса во 2025 билет чини 120 евра!
СледноАмериканецот со македонски пасош кажа „НЕ“ на Барселона и на 2,5 милиони евра