Во очекување на натпреварите од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска со известување се јави ФК Гостивар.
Гостиварчани најавија дека неделниот дуел со екипата на Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одигра без присуство на публика.
Овој и сите останати дуели од неделното коло се на програмата со почеток од 16 часот. Утре Вардар игра со Беса, а в понеделник е закажан дуелот меѓу Брера Струмица и Воска Спорт.