ОФС Охрид го допре дното: Починати лица „играле“ фудбал, фалсификувани записници, судии кои не се судии…

365

Една од главните одлуки на денешната седница на Управниот одбор на ФФМ беше суспензијата за Општинскиот фудбалски сојуз ОХРИД. Како што објавија од ФФМ, ОФС Охрид е суспендиран поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија. Имено, УО на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, дошле до податоци за фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, т.н. фиктивни записници.

Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите. Судиите дале писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе.

Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена. Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.

ФФМ најави комплетно расчистување на сите сомнителни ситуации и во останатите Општински фудбалски сојузи.

Претходно„Марка“: Скандал во најава – Реал размислува дали воопшто да го игра финалето на Купот!?
Следно„Брејк“ уште во првиот меч: Шампионот почна моќно во плеј-оф финалето