Првиот човек на шпанскиот фудбал дециден: Не знам што пишале од Реал, но финалето ќе се одигра

136

Претседателот на шпанската фудбалска федерација Рафаел Лузан во интервју за Кадена СЕР вели дека верува дека финалето на Купот на Шпанија утре во Севиља ќе се одигра според планот.

Имено, по полемиката околу изборот на судиите за финалето на овој натпревар, Реал Мадрид излезе со соопштение во кое побара извинување од тамошното здружение. Сепак, Лузан застана во одбрана на институцијата што ја претставува и додаде дека возбудата околу финалето нема да го засени фудбалскиот спектакл во Севиља.

„Федерацијата ги одреди судиите и готово. Немав време да ја прочитам изјавата на Реал, но верувам дека ќе имаме одличен натпревар оваа сабота. Илјадници луѓе со нетрпение го очекуваат овој натпревар во Севиља, а исто така и покрај малите ТВ екрани. Тоа е се што кажав”, изјави Лузан.

Претходно„Брејк“ уште во првиот меч: Шампионот почна моќно во плеј-оф финалето
СледноАндонова постигна евро-гол во мрежата на Реал (М) (ВИДЕО)