Реал потврди: Финалето ќе се одигра, никогаш не помисливме да се откажеме!

171

Ќе има финале во Копа дел Реј. Реал Мадрид во соопштение потврди дека ќе излезе на теренот во Ла Картуха по неколку напнати часа во кои продолжија разговорите меѓу Флорентино Перез и Рафаел Лузан.

„Во светло на гласините што се појавија во последните часови, Мадрид соопштува дека нашиот тим никогаш не размислувал да се откаже од играњето во финалето“, се вели во соопштението од кралскиот клуб.

„Нашиот клуб разбира дека несреќните и непримерни изјави на судиите назначени за овој натпревар, дадени 24 часа пред финалето, не можат да оцрнат спортски настан од глобално значење што ќе го следат стотици милиони луѓе, и од почит кон сите навивачи кои планираат да патуваат во Севиља и сите оние кои веќе се во главниот град на Андалузија“, дополнија од Реал.

Финалето на шпанскиот куп ќе се одигра утре во Севиља од 22 часот.

ПретходноЕвролига: Олимпијакос и Монако се поблиску до Ф4
СледноЕди Хау за пневмонијата: Не сум 100% добро физички, но психички сум одлично