Салата во Градски парк наскоро ќе го добие новиот лик. По децении експоатација на овој спортски објект кој е изграден во втората половина на минатиот век, сега конечно истиот се реновира и добива нова физиономија.
Најави кога истиот ќе биде готов сеуште нема, но според последните објавени фотографии, истата би требало да биде активна на почетокот на новата сезона наесен.
Домот на КК но и ОК Работнички долго време не беше во функција поради дотраеност на објектот, а ова е еден од храмовите на македонкскиот спорт воопшто.