Марк Андре Тер Штеген, искусниот голман на Барселона, се најде на списокот на 22 фудбалери на кои тренерот Ханси Флик смета за утрешниот дуел од купот на Шпанија против Реал Мадрид.
Ова е прв пат германецот да е во составот на Барса по 22 септември откако се повреди посериозно на десното колено.
Секако, Шчесни и натаму ќе биде на голот, но добро е да се знае дека Тер Штеген повторно е во игра и подготвен за настап.
🚨 Captain @mterstegen1 is fit and in the squad for the Cup final! #ElClásico pic.twitter.com/kdlR1TPMoc
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 25, 2025