Како што се наближува летниот преоден рок, така и се зголемуваат шпекулациите за кој фудбалер каде ќе оди, во кој клуб ќе потпише, каде ќе прави трансфер.
Па така една од сензационалните вести е и таа дека Сандро Тонали се враќа во Италија, но не во Милан од каде направи трансфер во Њукасл пред две години.
Се шпекулира дека Јувентус е силно заинтересиран за неговите услуги, но проблем е висината на отштетата која клубот од Премиерлигата ја бара за Италијанецот, а таа изнесува 80 милиони евра, што секако дека за Јуве се тоа големи пари.
Сепак Јуве има план, а тоа да се направи размена, Тонали за Влаховиќ, уште повеќе ова му дава доза на веројатност ако се знае дека Александер Исак од Њукасл е пред трансфер во Арсенал.