Од УЕФА денеска пристигнува информацијата дека во чест на папата Фрањо кој почина неделава, полуфиналните мечеви од Лигата на Шампионите кои се закажани за следната недела ќе започнат со минута молк.
Како што пренесе самата УЕФА папата Фрањо беше човек кој што пренесуваше надеж за целото човештво. Покрај мечевите во ЛШ, со минута молк ќе започнат и мечевите од младинската ЛШ, мечевите во женската конкуренција, како и мечевите од ЛЕ и КЛ.
Веќе е познато дека во вторник се среќаваат Аренал и ПСЖ, додека во среда својот меч го играат Барселона и Интер.