УО на ФФМ: Финалето на Купот на 21 мај на Националната арена, суспензија за ОФС Охрид

469

Денеска во „куќата на фудбалот“ се одржа седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на која беа донесени повеќе одлуки:

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија.

У.О. на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид).

Главните причини за донесената одлука се:

– Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати);

– Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите;

– Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе;

– Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена;

Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.

ФФМ останува цврсто посветена на правилно и транспарентно функционирање на фудбалските структури и нема да толерира никакви обиди за злоупотреба.

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Финалниот натпревар меѓу екипите на Вардар и Струга Трим Љум ќе се одигра на 21. мај со почеток во 20:00 часот.

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3.

Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило. Позледната, фаза 3 се однесува на инсталирање и конфигурација на опремата за ВАР.

Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.

– Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ ги информираше членовите на Управниот одбор за текот на градежните работи на стадионите во Штип, Охрид и Кичево, сите од програмата „Хет-трик“ на УЕФА.

Финалниот рок за завршување на сите работи и технички прием на западната трибина на стадионот во Штип е 31.07.2025 година. После тој рок, доколку не се исполнат барањата, ФФМ ќе презеде мерки и легитимни чекори согласно законот. Сето активности се во соработка со УЕФА.

Управниот одбор на ФФМ, исто така, детално е информиран за сите аномалии и неправилности во текот на активностите на стадионите во Охрид и Кичево.  На следната седница кон средината на месец мај, Управниот одбор ќе донесе одлука кои постапки и легитимни чекори ќе бидат преземени за заштита на интерсот и финаниски средстава на ФФМ.

– У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на тело за анализа и предлози за промена на систем на натпревари – млади категории во состав: Марјан Стојковски, Сашко Тасев, Цено Александровски, Димитар Џонов, Дарко Костовски;

У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на тело за анализа и предлози за промена на систем на натпревари – сениори во состав: Агим Ибраими, Игор Франговски, Сашо Здравевски; 

– У.О. на ФФМ донесе за формирање на тело за спроведување реформи и структурна реорганизација на ФФМ во состав: Светозар Станковски, Дончо Герасимовски, Владимир Гашевски, Берат Исмаили; 

– У.О. на ФФМ донесе одлука и изгласа промени на членови во комисиите на Фудбалската федерација на Македонија:

Комисија за безбедност (Борче Лазаревски, Зоран Саздов, Ивица Станковски, Филип Филиповски, Атанас Ризов, Љупчо Ралевски, Ветон Ајдини, Сашко трпевски, Љупчо Андоновски, Емин Кранли, Арбен Мустафи, Фатмир јакуп, Васко Наумовски);

Комисија за верификација на договори и регистрација (Тони Шалев, Миле Тановски, Томо Белевски, Златко Ралевски, Алберт Јакупи, Славче Ѓоргиовски, Илија Илиев, Коле Василев);

Комисија за натпревари (Игор Франговски, Дончо Герасимовски, Расим Муминовиќ, Гоце Цветановски, Сулејман Ибиши, Зоран Златановски, Рамадан Салиу, Драган Блажевски);

Комисија за ифраструктура (Здравко Чалушев, Марина Митиќ Трајковска, Јован Симевски, Антонио Насевски, Марјан Пишмановски);

Комисија за футсал натпреварување (Добре Иванов, Славе Крстев, Илија Ѓорѓиев, Благојче Ангелевски, Нико Пластиновски, Благој Стоилев, Аки Шукрија, Зоран Ристевски, илија Митров);

Комисија за младински фудбал (Дарко Костовски, Александар Маневски, Дервиши Ајетели, Јовица Неловски, Илир Бектеши, Влатко Новаков, Николче Трајковски, Седатин Али, Филип Колеќески, Дејан Боневски);

Финансова комисија (Тони Ивановски, Гордана Темелковска, Љубе Велковски, Фадиљ Абдулахими);

Комисија за медицина и анти допинг (Небојша Настов, Михајло Ивановски, Бојан Цаневски, Ваљон Асани, Виктор Стојанов, Ваљон Салиу);

ПретходноУЕФА одлучи: Минута молк во ЛШ во чест на папата Фрањо
СледноЖенско скопско финале: Јанта има победа повеќе од Работнички, но шампионките подготвени за новиот предизвик