Вардар 1961 го промени текот на плеј-офот, откако синоќа среде Битола дојде до победа против Пелистер и го превзема врвот. После петтото коло, „црвено-црните“ се први на табелата со 12 бода, еден повеќе од директниот конкурент.
Ракометарите на Вардар 1961 се во пол-позиција за враќање на титулата во Скопје. Но, сега се прашуваат и другите тимови.
Распоредот е следен: Прва „нагазна„ мина за Вардар 1961, а надеж за битолчани е Алкалоид. Иако Кирил Лазаров и неговите момци не се омилени кај двата тима, и во Автокоманда се следи и се оди против секој потег за подобро утро на ракометот, сега и едните и другите имаат и тоа каков бенефит од нив.
Во Битола веруваат дека Алкалоид може да ги спаси, во Вардар 1961 после првиот меч во „Јане Сандански“, но и прикажаното во Битола се сигурни дека ќе ги однесат бодовите. Алкалоид на почетокот на сезоната ги суреди „црвено-црните“, па затоа не е чудо и сега да го повтори истото.
Втор меч кој за „црвено-црните“ треба да биде тежок е гостувањето во Охрид. Таму Вардар 1961 еднаш имаше негатива од пет гола, па се врати во самиот финиш и победи. Пелистер и од оваа средба ќе чека поволно сценарио, пораз во најдобар случај.
Пелистер пак дома го пречекува ГРК Охрид, на дело на гостински терен виде дека ќе мора да биде на ниво на задачата доколку сака да ги освои сите бодови. Иако звучи неверојатно, сепак и гостувањето кај Алкалоид е исто така „нагазна“ мина. Без Марко Митев шансите се помали, но да не заборавиме дека Лазаров и неговите момци им го земаа Купот на Македонија и Супер-Купот.
Доколку и двата тима до 8 јуни ги добијат сите мечеви, во тој случај титулата ќе се решава во Скопје. Вардар е домаќин на Пелистер, исто како противникот „црвено-црните“ дома се доминантни.
РАСПОРЕД – ПЛЕЈ-ОФ
Пелистер – Тиквеш
Пелистер – ГРК Охрид
Алкалоид – Е.Пелистер
Е.Пелистер – Бутел Скопје
——————————
Алкалоид – Вардар
Вардар – Бутел Скопје
ГРК Охрид – Вардар
ГРК Тиквеш – Вардар
Вардар – Пелистер