Јуве ќе загуби цело богатство и добар дел од ростерот ако не се пласира во ЛШ

107

Јувентус ќе загуби околу 60 милиони евра доколку не успее да се пласира во Лигата на шампионите, објави весникот „Газета дело спорт“. „Бјанконерите“ моментално се на петтото место во италијанското првенство, со еден бод помалку од тимот на Болоња, кој ја зазема четвртата позиција на пет кола пред крајот на сезоната.

Судбината не само на тренерот на торинскиот гигант, Игор Тудор, туку и на многу играчи во составот зависи од евентуалните квалификации во Лигата на шампионите. Федерико Гати, Андреа Камбијасо, Даглас Луис, Вестон Мекени, Матија Перин и Душан Влаховиќ се дел од играчите чија иднина во Јувентус се уште не е позната.

Има и други играчи во составот кои не се задоволни со својот статус или со целите на тимот и исто така ќе сакаат трансфери на крајот на сезоната.

ПретходноАндонова постигна евро-гол во мрежата на Реал (М) (ВИДЕО)
СледноЕвролига: Олимпијакос и Монако се поблиску до Ф4