Еве до каде е изградбата на новиот “Камп Ноу“! (ФОТО)

633

Барселона, еден од најголемите клубови во светот, синоќа се пофали со најнови фотографии за тоа до каде е изградбата на новиот “Камп Ноу“ кој ќе се нарекува “Спотифај Камп Ноу“.

Од истите се гледа дека има уште работа, но се чини дека ќе биде подготвен за стартот на новата сезона 2025/26,кога Барса ќе игра на овој стадион кој ќе биде со намален капацитет од околу 60.000 гледачи се до крајот на изградбата кога ќе може да прими нешто повеќе од 100.000 гледачи.

Јасно е дека ова ќе биде уште еден спектакуларен стадион, нешто налик на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Инаку честите одложувања ги влошија работите, но возбудата кај сите во Барселона од ден на ден е се поголема.

Да се потсетиме дека изградбата на новиот стадион започна во јуни 2023 година, а се очекува најрано во јуни 2026 година да биде целосно изграден.

FOTO FC Barselona

ПретходноАтлетико Мадрид го “скрши“ Рајо, Бетис убедлив против Валјадолид!
СледноКлиперсите го пречекаа Јокиќ со коњски глави (ВИДЕО)