Ако не овој викенд, тогаш следниот секако, ако не се случи апокалипса, Хари Кејн за првпат во својата долга кариера ќе освои трофеј. Англичанецот ја игра втората сезона во Баерн Минхен и ете му шанса конечно да освои титула, да го прекине проклетството.
Да потсетиме дека Кејн со Тотенхем не успеа да се радува на пехар, а не успеа ни со репрезентацијата на Англија иако беше финалист на двата последни Европски шампионати.
Веќе во сабота Баерн Минхен може да ја освои титулата во Бундеслигата.
Имено му треба победа над Мајнц на свој терен во 31.коло, а Леверкузен дома да не слави со Аугзбург. На четири кола до крајот “баварците“ имаат плус 8 бода.
„Ако го освоиме шампионатот, ако ја освоиме титулата веќе во сабота никој тоа не го заслужува повеќе од Хари Кејн. Тој е лидер, најмногу се бори, работи, постигнува најмногу голови за Баерн“ истакна покрај другото Ули Хенес, почесниот претседател на германскиот гигант.