Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски заедно со неговиот Ал – Ахли ќе игра во полуфиналето во Лигата на Шампионите на Азија. Во четвртфиналето Ал – Ахли успеа да го победи Бурирам од Тајланд со 3:0.
Џани беше стартер на оваа средба и до таа 70.минута кога го напушти теренот, беше еден од најдобрите во редовите на својот тим. Противни на Џани и Ал – Ахли во полуфиналето ќе биде Ал – Хилал.
Секако дека играњето на Џани е добра вест за сите во репрезентацијата на Македонија а посебно за селекторот Милевски пред јунскиот квалификациски циклус за СП 2026.