Митровски сам ја победи Локомотива

295

Димитар Митровски е двоен стрелец за својот Вараждин во вечерашниов дуел против Локомотива, и победата од конечни 2:1.

Нашиот репрезентативец и интернационалец имаше одлична вечер на домашен терен и на два пати стрелаше во противничката мрежа.

Најпрво израмни на 1:1 во 61. минута откако гостите поведоа уште во првиот дел, а потоа во 84. минута ги постави и конечните 2:1.

Овие два гола за Митровски се шести и седми сезонава во ХНЛ, што го става во топ напаѓачите во искчучително јака конкуренција.

 

ПретходноМакедонските фудбалски великани пристигнаа во Варна (ВИДЕО)
СледноКристал Палас ја декласира Астон Вила на „Вембли“ за пласман во финалето на ФА Купот!