Вардар 1961 ангажираше француско крило

169

Французинот Махамаду Кеита (29) кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар. Клубот го потпиша играчот кој моментно настапува во шпанската АСОБАЛ лига за тимот на Анхел Хименез, а има и трофеј од настапи во Лига Европа.

Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа, и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург.

Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за ЦСМ и Иври, во Португалија настапуваше за Бенфика, а во Шпанија за Логроњо и за Анхел Хименез. Со Бенфика и со Логроњо беше дел ЕХФ Лига Европа.

Во сезоната 22/23 како дел од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а во моментов за Анхел Хименез има дадено 25 гола

ПретходноВМФЛ: Дерби под Исарот – Брегалница против лидерот!
СледноТФТ, МЗТ Скопје, Работнички и Куманово можат широко да си го отворат патот кон 1/2 финалето