ВМФЛ: Без голови на дербито во Штип, Башкими поразен во Кочани!

363

Попладнево се одиграа сите осум средби од 26.коло во ВМФЛ. Дербито се играше во Штип, каде силите ги одмерија Брегалница и Македонија ЃП, меч кој заврши без победник и без голови, 0:0. На кого му одговарав ваков исход тешко е да се каже.

Башкими киксна и тоа во Кочани, каде од домашниот состав Осогово беше поразен со 1:0. Сега кумановци се втори, но со бод помалку од лидерот, Македонија ЃП а трет е Арсими со бод помалку од Башкими.

Арсими пак одигра 0:0 на гости кај Детонит.

Интересно, на три од овие осум средби немаше голови, на три резултатот беше 1:0 а само Скопје и Охрид постигнаа три гола, гостите победија со 1:2, а во Гевгелија домашниот Кожув против Беласива одигра 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 26.КОЛО

Брегалница – Македонија ЃП 0:0

Детонит – Арсими 0:0

Скопје – Охрид 1:2

Саса – Новаци 0:0

Кожув – Беласица 1:1

Осогово – Башкими 1:0

Вардар (Н) – Борец 1:0

Вардарски – Победа 0:1

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52…

ПретходноМЗТ Скопје повторно убедлив против Феникс за 2-0
СледноЧудесна победа на Брајтон против Вест Хем, Њукасл не го дава третото место на табелата!