Воска оди во најнизок ранг, преостанатите мечеви во ПМФЛ нејзините ривали ќе ги добијат со службени 3:0!

669

Она што беше најавувано, сега веќе и официјално. Воска, клубот од Охрид, клубот кој лани играше финале во Купот на Македонија, самата “си пукаше во нога“ што се вели по сите оние настани на мечот со Вардар кој не се доигра.

Следуваше логична реакција на Дисциплинската комисија на ФФМ и казна од -9 бода. По ова денеска Воска официјално објави дека се повлекува од ПМФЛ и нема да го доигра првенството.

И сега што? Сега какви се правилата?

Како прво Воска оди во најнизок ранг на натпреварување, а како второ, со оглед на тоа дека е одиграно 75 насто од првенството, сега до крајот на сезоната секој нејзин ривал ќе го добие службено мечот со 3:0, прво тоа ќе и се случи на Брера во понеделник, за кога е закажан мечот од ова 29.коло.

По оа повлекување од Воска, сега има проблем околу пополнување на Втората лига за следната сезона со оглед на тоа дека клубот од Охрид ќе мора да се натпреварува во најнизок ранг.

Но и за тоа си има правила, и јасно е дека надлежните во ФФМ, како и досега и сега стриктно ќе држат до нив.

А тие се следните. Петте прваци во третите лиги и второлигашот кој што ќе заврши на 14.место, по претходно одредена ждрепка, ќе играат три бараж меча. Победниците одат во Втора лига, а потоа ќе се направи ждрепка за тоа која една екипа од трите поразени како “лаки лузер“ ќе се пласира во ВМФЛ.

ПретходноВоска официјално се повлече од овогодинешниот ПМФЛ шампионат
СледноМбапе дефинитивно не е стартер вечерва на Ел Класико