Воска официјално се повлече од овогодинешниот ПМФЛ шампионат

763

ФК Воска предмалку излезе со соопштение дека официјално се повлекува од понатамошно натпреварување во овогодинешниот ПМФЛ шампионат.
Како што самиот клуб наведува во соопштението, по казната која што дисциплинската комисија на ФФМ ја изрече по повод повлекувањето односно недоигрувањето на дуелот од ПМФЛ колото против Вардар на свој терен, клубот од Охрид реши повеќе да не настапува во државниот шампионат.

Казната од минус девет бода, која што Дисциплинската комисија ја изрече, според Воска ја прелила чашата и била врвот на неправдите кои што му се нанесени на финалистот на купот на Македонија.

Што ќе се случува понатаму и како ќе бидат регистрирани преостанатите мечеви кои Воска требаше да ги доигра во овогодинешниот шампионат останува да видиме, но дефинитивно ФК Воска оди во најнизок ранг на натпреварување по автоматизам.

ПретходноМега – спектакл: Барса VS Реал во битка за пехарот во Копа Дел Реј! (ФОТО)
СледноВоска оди во најнизок ранг, преостанатите мечеви во ПМФЛ нејзините ривали ќе ги добијат со службени 3:0!