Иако Астон Вила важеше за фаворит, сепак тимот на Унаи Емери не успеа да дојде до финалето во ФА Купот.
Пораз од 0:3 од Кристал Палас за тимот од Бирмингем, тоа е епилогот од овој прв полуфинален меч во најстарото фудбалско натпреварување во Англија. Па така сега Кристал Палас го чека својот ривал во големото финале, а тоа ќе биде Нотингем Форест или Манчестер Сити, меч кој се игра утре, исто на “Вембли“ од 17.30 часот.
Палас беше далеку подобар противник и сосема заслужено победи и тоа со головите на Езе и Сар во 31. и 58.минута, и во 90+4. Треба да се каже дека Матета во 54.минута не успеа да реализира пенал, па излегува дека оваа победа можеби можеше да биде уште поубедлива за Кристал Палас.
Ова е трето финале за Кристал Палас во историјата на клубот во ФА Купот.